Популарната „Bridgerton“ продолжена на уште две сезони

0
23


Хит серијата „Bridgerton“ на Netflix ќе добие уште две сезони, објавија на официјалниот Instagram профил.

Оваа вест ги расположи фановите ширум светот. Во тек е снимањето на втората сезона на една од најуспешните серии на Netflix.

Серијата „Bridgerton“ стана голем успех на Netflix, истовремено и една од најгледаните серии низ светот. Актерите се стекнаа со огромна популарност за многу кратко време.

Ако имате Netflix и не сте ја гледале новата серија „Bridgerton“ – вие сте малцинство. Серијата е некаков хибрид меѓу популарната „Gossip Girl“ и романите на Џејн Остин и иако не ги освои критичарите, ги воодушеви обожавателите.

Читајте наредно: Жените полудеа по секс-сцените во „Bridgerton“: Со што сум се задоволувала јас досега?

Иако е замислен како историска приказна, „Bridgerton“ носи аспекти на современата романса, воведувајќи врски од мешани раси и класи, невозвратена љубов, фатални врски и големи страсти – што досега се покажувало како рецепт за гарантиран успех.

Серијата е инспирирана од романот на Џулија Квин, а дејството го следи животот на најстарата ќерка во семејството Бриџртон, нејзините доживувања во Лондон и желбата за брак. Покрај Фиби, во главната улога е Реге-Жан Пејџ, кој веќе се спомнува како наследник на Даниел Крег во новиот филм за Џејмс Бонд.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here