Помага ли пилешката супа во лекување настинки?

0
130


И покрај популарното верување, нема докази дека пилешката супа навистина помага во борба против настинките. Лабораториските испитувања покажуваат дека можеби има некаков антивоспалителен ефект, но тоа е недоволно за научен заклучок.

Сепак, пилешката супа без сомнежи има две предности за сите настинати. Прво, се консумира топла, а тоа помага за проток на слузта и подобра циркулација на крвта. Од тоа ќе ви биде малку подобро.

Како второ, добра супа со многу зеленчук ќе ве освежи и снабди со потребните хранливи состојки и енергија. Тоа во одредена мера го забрзува закрепнувањето, велат експертите.

Истовремено, психолошката и физичката удобност што се јавува при консумирање топла пилешка супа може да има и плацебо ефект.

http://kajgana.com/

Канадската експертка за исхрана Лесли Бек според студија од 2000 година спроведена на Универзитетот во Небраска, вели дека домашната пилешка супа која содржи пилешко месо, многу зеленчук, магданос, морков, лук, сол и црн бибер ја спречува активноста на белите крвни зрнца кои предизвикуваат воспаление.

Друга студија објавена во 1978 година откри дека консумирањето топла пилешка супа го поттикнува излачувањето на назалниот секрет кај 15 здрави волонтери. Но, ефектот на одзатнување на носот траел само 30 минути, а пиењето топла вода го имало истиот ефект, додава Бек.

Сепак, во статија на УКЛА од 1998 година под наслов „Како да се носите со астмата и алергиите“ стои дека пилешката супа може да ја подобри способноста на ситните носни влакненца да спречат навлегување на заразни честички во организмот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here