Познато е кој ќе биде новиот негативец во „Batman“

0
93


Режисерот на новиот филм за Бетмен, Мет Ривс, конечно потврди дека Колин Фарел ќе го глуми Пингвинот.

Филмот моментално се снима, а на Twitter се појавија фотографии од сетот. На една од нив се гледа и Колин, а и Ривс ја потврди неговата улога.

Новиот Бетмен се снима под името „Revenge“, a освен Колин во филмот глумат и Роберт Патисон како Бетмен, Пол Дејно, Џон Туртуро, Зои Кравиц како Жена Мачка.

Филмот во кината пристигнува на 25 јуни 2021 година.

Бетмен за првпат се појави во мај, 1939 година како стрип и за кратко време стекна огромна популарност.

Освен детективските стрипови, создале и посебен серијал стрипови за Бетмен. Првиот број излезе во 1940 година, кога воедно е претставен и најголемиот противник на Бетмен, Џокер.

Бетмен на малите екрани се појави во 60-тите години во комична серија со Адам Вест во главна улога. Дури во 1989 година стрипот е адаптиран во игран филм. Во главните улоги беа Мајкл Китон како Бетмен и Џек Николсон како Џокер.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here