Поднесени 4 пријави против сопственици на фирми за кршење на работничките права

0
45


Политичката партија Левица, по пријави на вработени, синоќа поднела кривични пријави кон четири фирми поради кршење на работничките права.

„Вчера, правниот сектор на Левица, професионално помогнат од адвокатски тим по трудово право, поднесе четири КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ против работодавачи – првенствено газди на текстилни фабрики – поради сторени серија кривични дела против работните односи (непријавување работници, одјавување работници без нивно знаење, враќање пари на рака од К-15, неисплата на отпремнини, потпишување бланко откази и сл.)!“, стои во соопштението на партијата која сѐ уште е непарламентарна.

Поточно, станува збор за следниве пријавени кривични дела сторени од сопствениците, директорите или шефовите на вработените: „Повреда на права од работен однос“ (казниво по чл. 166 од Кривичниот законик), „Повреда на право од социјално осигурување (чл. 167 од КЗ), „Повреда на правата за време на привремена невработеност“ (чл. 169 од КЗ) и „Фалсификување исправа“ (чл. 378 од КЗ).





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here