Поглед од Земјината орбита: Снимка од внатрешноста на Starliner

0
125


Летот на Starliner не мина според очекуваното, но затоа Boeing објави уникатна снимка од  внатрешноста на кабината од која се гледаат клучни настани.

Првиот лет на капсулата Starliner на Boeing не се случи според планираното, со оглед на тоа што леталото не успеа да стигне таму каде што требаше и да се прикачи на Меѓународната вселенска станица. Но, од тестот може многу да се научи.

Boeing објави снимка од главните настани снимени од четири камери во внатрешноста на капсулата. На нив се гледа внатрешноста на капсулата и настаните во неа, како и уникатна глетка низ прозорецот на леталото. Се гледаат лансирањето, влегувањето во орбита и слетувањето назад.

Иако на прв поглед изгледа како во кабината да седи човек, летот е всушност без екипаж. Станува збор за кукла облечена како астронаут која седи во пилотската кабина.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here