Погледнете која е вашата амајлија според вашиот хороскопски знак

0
90


Уште од многу одамна ни е познато дека полускапоцениот камен има големи позитивни дејства врз организмот, од лековити дејства па сѐ до влијанието врз расположението и енергијата. Секој хороскопски знак има свој накит, поточно скапоцен, полускапоцен камен или кристал. Дознајте кој е вашиот чувар во продолжение.

Тиркиз – Хороскопски знаци: Бик, Стрелец, Водолија, Риба

Тиркизот се користи за лечење на разни видови на зависности, ноќни кошмари, стравови, кожни болести како и болести на грлото и дишните патишта. Ги чува забите и вилицата од кариес и парадентоза. Ја подобрува циркулацијата, помага при менструални болки, а се користи и за зголемување на сексуалната енергија.


Хематит – Хороскопски знаци: Овен, Вага, Скорпија, Јарец

Хематитот чудесно делува на крвта, чува од слабокрвност, леукемија и ги обновува ќелиите во органите. Го намалува крвниот притисок, и го регулира нивото на шеќер во крвта. Помага и во зачувување на здравјето на лимфните жлезди.

Калцедон – Хороскопски знаци: Близнаци, Скорпија, Стрелец

Калцедонот е амајлија која се носи за поздрав организам. Чува од слабости, меланхолија и различни видови на болести. Лечи болки во грлото, главоболки, грозници, кашлање и гнојни рани. Го поттикнува создавањето на црвените крвни зрнца и функциите на коскената срж.

Горски кристал – Хороскопски знаци: Овен, Рак, Лав, Јарец

Горскиот кристал ги чисти крвните садови, го олеснува срцевото работење, спречува инфаркт и го стабилизира крвниот притисок. Потоа, тој ја зголемува енергија, ја намалува грозницата, ублажува болки и го зајакнува имунолошкиот систем. Конечно, тој штити од зрачење.

Цитрин – Хороскопски знаци: Близнаци, Девица, Вага, Водолија

Цитринот се користи против депресија, поттикнува добро расположение и ја крева самодовербата. Дава повеќе енергија и елан, го зголемува либидото и дава одлични резултати во креветот.

Аметист – Хороскопски знаци: Скорпија, Стрелец, Водолија, Риби

Аметистот привлекува богатство, па често се користи како амајлија во игрите на среќа. Помага во случаи на менструални болки, ја подобрува меморијата, го регулира крвниот притисок и се користи против дебелеење. Ги смирува нервите и го чува срцето.

Малахит – Хороскопски знаци: Скорпија, Јарец

Малахитот ја намалува болката во коските и ги ублажува грчевите. Штити од сите видови на радијација. Го намалува крвниот притисок, делува на дијабетесот, астмата, епилепсијата, туморите, итн. Го подобрува имунолошкиот систем.

Розев кварц – Хороскопски знаци: Бик, Рак, Девица, Јарец

Розевиот кварц ја поттикнува љубовта на луѓето кон себе и кон другите. Посебно се користи од страна на луѓе кои се изложени на емоционални стресови. Помага при намалување на телесната тежина, лечи кожни болести и ја подобрува циркулацијата. Би требало да го има во секој дом.

Оникс – Хороскопски знаци: Јарец, Лав, Стрелец, Водолија

Ониксот помага при раст на косата, ноктите и го подобрува крвотокот. Очните и ушните болести може да се излечат со оникс. Ја ублажува меланхолијата, депресијата и негативната енергија.

Око на тигар – Хороскопски знаци: Близнаци, Рак, Стрелец

Окото на тигар ја зголемува животната енергија. Делува антидепресивно и смирува. Помага на заболените од црниот дроб, астма и бронхитис. Штити од уроци и црни магии. Лечи мигрена, помага при душевни болести и и дава стабилност на психата.

Око на сокол – Хороскопски знаци: Овен, Близнаци, Водолија

Дава способност на простување и разбирање. Помага во надминување на проблемите и ја ослободува психата од непознати влијанија. Се користи за смирување.

Следно, прочитајте за овие 10 среќни амајлии кои секој дом мора да ги има.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here