Погледнете како изгледа пазарот во Вухан, епицентарот на корона вирусот

0
107


Изворот на епидемијата на смртоносниот корона вирус најверојатно е пазарот во Вухан, па на интернет се појавија и видеа од тоа како изгледа ова место.

Вирусот рапидно се шири во Кина и во други делови од светот. Британскиот експерт за динамика на пренос на заразни болести Џонатан Рид предвидува дека за две недели ќе има стотици илјади заболени. Во нов научен труд овој експерт предвидува дека за рок до 14 дена, односно до 4 февруари, бројот на заразени во епицентарот на вирусот, градот Вухан, ќе биде поголем од 190.000.

Откако е развиен тест за новиот корона вирус докажано е дека две лица кои се први заразени во Вухан го посетувале пазарот, работеле во него или со нив работеле членови од семејството.

Судејќи според објавеното видео, на таквите пазари, се продаваат одрани и печени животни како зајаци, лисици, лилјаци, змии и други рептили, магариња, камили, мајмуни, кучиња, мачиња, глувци и друго. Сите овие животни се на едно место, станува збор за мал простор, а нивниот постојан контакт со трговци и купувачи, па и честото колење на лице место е идеално за ширење вируси.

Во некои делови на Кина и покрај забраните некои животни како риби, змии, новородени глувци, магариња и мајмуни ги распарчуваат или ги јадат додека сè уште се живи бидејќи сировото месо од живи животни во традиционалната кинеска медицина се смета за многу здраво, пишува Business Insider. Често се случува на вакви пазари да ги колат животните пред купувачите.

Тоа значи дека на мртвите животни им ја дерат кожата пред купувачите и како последица на тоа преку прскањето се шират различни работи, објаснува специјалистот за заразни болести Емили Лангдон од Универзитетот Чикаго.

Во такви околности, вирусите имаат прилика да мутираат и тоа им овозможува да ја надминат бариерата на видот, односно преминувањето од животни на луѓе.

Таков беше и случајот со САРС епидемијата која изби во 2002 година во Кина при што починаа 774 луѓе.

Видеото е со вознемирувачка содржина:





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here