Повторно масовни протести во Хонгконг

0
98


Хонг Конг, 14 октомври 2019 (МИА) – Десетици илјадници продемократски демонстранти повторно се собраа денеска во центарот на Хонгконг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.

– Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение, повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот.

Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери.

„Законот за човекови права и демократија во Хонгконг“, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус кој САД му го дава на Хонг Конг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here