Повредени работници во Скопје и во Кочани

0
108


На 4 октомври 2019 во 14.29 часот во СВР Скопје било пријвено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен повреден Љ.А.(55) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал градежни работи на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во фабрика во Кочани, Т.Н.(50) од с.Оризари, кочанско, додека извршувал работни задачи, се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here