Повеќе од илјада Словенци ќе дојдат во Скопје

0
116


Љубљана, 7 октомври 2019 (МИА) – Повеќе од илјада навивачи купиле билети и ќе ја бодрат словенечката фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје в четврток, најавуваат медиумите во оваа земја.

Со ваква поддршка, Словенците покажуваат дека дуелот со избраниците на Игор Ангеловски им е многу важен.

Селекцијата на Словенија вечерва одржува тренинг во Љубљана, а утре треба да пристигне во нашиот главен град каде в четврток ќе се игра дуелот од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Матјаж Кек рече дека во Скопје одат на победа, со што би се одмаздиле за нерешениот резултат во Љубљана кој го сметаат за неуспех. После гостувањето на Националната Арена „Тоше Проески“, Словенците ќе играат дома против Австрија, во уште еден важен меч за нив.

Натпреварот Македонија – Словенија почнува во 20.45 часот, а билетите сѐ уште се во продажба по цена од 50 до 200 денари. На македонската репрезентација и тоа како ѝ е потребна поддршка од трибините, особено по потврденото доаѓање на големиот број гостински навивачи.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here