Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

0
59


Моменталната пандемија многумина нѐ остави без друг избор освен да поминеме повеќе време дома. Како и да е, ова е можност конечно да почнеме да ги правиме работите кои веќе некое време ги одложуваме.

Ако мислевте да започнете нов креативен проект, ова е вашиот момент. Ако го сакате плетењето и имате крзнен пријател, тогаш овие слатки каучи за мачки можат да ви дадат совршена инспирација.


Вистина е дека за да ги направите овие каучи ви требаат сериозни вештини во плетење и многу креативност, но кога ќе ја научите основата, ќе можете да направите безброј креации. Од предиво можете да создадете различни кукли, костуми, папучи, па дури и тампони.

Овие фотографии од плетени каучи за мачки станаа вирален хит, но идејата за проектот, всушност, не е целосно нова. Постои форум од 2009 година каде што луѓето ги споделуваат своите креации, а пронајдена е и шема за овој проект која е објавена во далечната 1998 година.

Погледнете ги овие симпатични плетени каучи, па можеби ќе добиете идеја за подарок на вашата омилена мачка!

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Плетени каучи за мачки кои станаа вирален хит

Можеби ќе ве интересира и кои раси на мачки можат да помогнат во борбата против депресијата.



Рецепт за сос холандез⁠
⁠
Потребни состојки:⁠
⁠
- 1 жолчка од јајце⁠
- 1 лажичка вода⁠
- 1 лажичка сок од лимон⁠
- 110 г путер⁠
- прстофат сол⁠
- прстофат мелена лута пиперка (по избор)⁠
⁠
Начин на подготовка:⁠
⁠
1. Измешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и солта во еден сад кој е доволно голем да ги собере маталките на миксерот или рачниот блендер.⁠
⁠
2. Растопете го путерот на висока топлина, мешајќи постојано додека не се запени.⁠
⁠
3. Миксирајте ја смесата со жолчката и полека додавајте го растопениот путер.⁠
⁠
4. 30 секунди подоцна ќе добиете кремаст сос.⁠
⁠
Дополнителна информација:⁠
⁠
Пред да започнете, оставете ја жолчката од јајцето на собна температура најмалку 15 минути за да се загрее доволно.⁠
⁠
#фотонаденот #инстафото #инстамомент #рецепт #рецепти #рецептнаденот #инстарецепт⁠ #инстаграмџии #инстаграмџики #вкусно #ig_macedonia #инстаграмџииmacedonia #instagraphytk #инстаграм #сос #холандез


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here