Пике и Фати во составот на Барселона за финалето на шпанскиот куп

0
10


Познат е составот на Барселона за финалето на Купот на Шпанија со Атлетик Билбао. На списокот на тренерот Роналд Куман се најдоа и дефанзивецот Џерард Пике, како играчот за врска Ансу Фати кои кои ги пропуштија претходните натпревари поради повреди.

Во составот на Барселона се пријавени: Тер Штеген, Дест, Пике, Араухо, Бускетс, Гризман, Пјаниќ, Брајтвајт, Меси, Дембеле, Пуиг, Нето, Лангле, Педри, Тринкау, Алба, Матеус, Роберто, де Јонг, Фати, Фирпо, Умтити, Пења, Мориба, Мингеса и Тенас.

Пике не игра од 3 март, а во последните пет месеци одигра само пет натпревари.

Натпреварот Атлетик – Барселона ќе се одржи на 17 април во Севиља. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here