Пејачката Едита повикана на сослушување поради бомбашки напад во студио – одбила полиграфско тестирање

0
106


Пејачката Едита Арадиновиќ која денеска беше сослушана во полиција поради бомба која на 29. септември беше фрлена во просториите на продуцентската куќа „ФМ Плеј“, одбила полиграфско тестирање, неофицијално дознава Курир.рс

Пејачката на сослушувањето рекла дека нема никаква врска со бомбашкиот напад и дека не знае кој сакал да им наштети на нејзините поранешни соработници.

https://press24.mk/

Како што дознава Курир.рс, кога ѝ понудиле полиграфско тестирање, Едита во консултација со адвокатот одбила.

Да потсетиме, рачна бомба кашикара беше фрлена во текот на ноќта, а за среќа никој не бил повреден, затоа што сопствениците Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, како и нивните соработници, во тој момент биле отстутни.

https://press24.mk/

Досегашната истрага покажала дека единствен конфликт кој сопствениците на оваа куќа го имале бил со пејачката Едита Арадиновиќ, па токму поради тоа таа била сослушана.

Имено, Арадиновиќ имала склучено договор вреден 150.000 евра уште во периодот кога била членка на групата „Министарке“, но минатата година одлучила да го прекрши и напушти бендот, поради што дошло до проблеми и кавги меѓу некогашните блиски соработници.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here