Печени кременадли со круши | Кајгана

0
125


Ако сте љубители на кременадли, ви го препорачуваме овој необичен и вкусен рецепт.

Состојки:

Две кременадли

Две круши

Чаша сок од портокал

Две лажици кафеав шеќер

Лажица путер

Свеж рузмарин

Маслиново масло

Сол, бибер

Начин на подготовка:

Во поголема тава загрејте масло и пржете ги кременадлите од секоја страна, за да се карамелизираат. Префрлете ги во тавче за печење и посолете ги.

Крушите исечете ги на половина и наредете ги околу месото.

Во средина ставете путер, прелијте со сок од портокал и кафеав шеќер. На врвот ставете рузмарин, покријте со фолија и печете на 180 степени. Потоа откријте ја фолијата и печете уште 15-20 минути.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here