Пет совети за самостојно одржување на автомобил

0
107


Дали сами се грижите за вашиот автомобил или таа задача ја доверувате на механичар?

Ова се неколку работи на кои треба да внимавате доколку сакате да го користите вашиот автомобил подолго време.

Редовно проверувајте го маслото

Доколку сакате вашиот автомобил да работи како што треба, треба го контролирате нивото на масло. Тоа ќе го проверите така што ќе ја извлечете контролната шипка, ќе го избришете остатокот од маслото од неа, ќе ја вратите во моторот и потоа ќе ја извадите повторно за да ја проверите количината на масло во моторот.

Грижете се за гумите

Бројни перформанси во возењето зависат од гумите, нивната состојба и притисокот. Оттука е многу важно редовно одржување и следење на состојбата на гумите.

Не штедете пари кога станува збор за квалитетни гуми. 

Редовно чистете го автомобилот

Редовното чистење на вашиот автомобил ќе му го продолжи животот и ќе го заштити од појавата на ‘рѓа.

Доколку ја занемарите каросеријата, тоа може да има негативно влијание за вашиот автомобил. Редовно чистете го автомобилот, паркирајте го во гаража доколку имате, поправете ја и најмалата штета која ќе ја забележите на каросеријата.

Редовно проверувајте го светлото на моторот

Дали секогаш кога го возите вашиот автомобил се појавува знак со светилка? Ова може да биде показател за едноставен проблем кој доколку не го игнорирате ќе ви заштеди време и пари.

Возете внимателно

Нешто што секојдневно може да го правите за да го одржувате вашиот автомобил е да возите внимателно. Опасното и брзо возење секако може да го уништи вашиот автомобил, а може да биде лошо и по вашиот и животот на учесниците во сообраќајот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here