Пет работи за сексот кои мажите сакаат жените да ги знаат

0
5


Тоа што жените мислат дека мажите го сакаат во креветот и тоа што навистина го прават се различни работи. Секако, ова важи и во обратната ситуација. Токму затоа е добро да се знаат овие работи кога станува збор за сексот.

1. На мажите секогаш им е потребен секс

Да, но не поради тоа што мислите. Експертите тврдат дека мажите го доживуваат сексот како уживање, а не како обврска и би сакале покрај себе партнерка која истото би го мислела. Сексот не треба да го ставите на дното на листата приоритети.

2. Порнографијата ги возбудува

Да, порнографијата ги возбудува и мажите и жените, а гледањето порнографија не треба да се сфати лично. Прво одредете дали вашиот партнер може да има сексуален однос само по гледање порнографија, а ако е така тогаш потребна му е стручна помош. Во спротивен случај, тргнете го табуто за таа тема на страна така што ќе разговарате за неа. Прашајте го да ви објасни што точно го возбудува и кажете му што вам ви е одбивно. Таквиот разговор ќе внесе искреност и близина во врската.

3. Потребна им е вашата искреност

Сексот може да ве ослободи од стрес и напнатост, но честопати токму сексот е област во која се создаваат стрес и напнатост. Ако мажот се жали на недостаток на секс, можеби едноставно не е свесен дека со своите постапки самиот ја поддржува таквата ситуација.

Затоа, просветлете го. Егото на мажот е неретко цврсто поврзано со сексот па ним им е некако полесно проблемот во спалната соба да го објаснат како вина на партнерката и нејзината незаинтересираност, наместо да признаат дека делумно и самите се виновни. Затоа, отворено кажете му зошто избегнувате секс и решето го тоа.

4. Не сакаат жените да молчат во текот на сексот

Зборувањето за време на сексот може да делува стимулативно и возбудливо. За почеток, може да му зборувате безобразно и вулгарно или да му делите комплименти насочени кон тоа што ви го прави и колку е добар во тоа.

Нема да верувате каква позитивна промена може да внесете во вашиот сексуален живот со овој совет.

5. Се плашат од интимност

Желбата за интимност е еден вид табу тема за мажите. Неретко се плашат бидејќи се свесни колку очајнички им е потребна интимноста, а истовремено мислат дека тоа во нечии очи ќе ги направи помалку мажествени.

Затоа, воздржаноста на мажите по сексот може повеќе да биде шок поради нивното соочување со тоа колку всушност за интимност со партнерката, а не знаат како да го покажат тоа. Не им замерувајте, воздржете се и вие така што ќе му дадете малку време да сфати дека тоа нема да му го наруши имиџот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here