Пет знаци кои укажуваат на тоа дека имате разгалено дете

0
121


Тимот на Huffington Post ги замоли педијатрите и психолозите да откријат некои од знаците дека можеби вашето дете е разгалено. Исто така, тие даваат корисни совети кои ќе ви помогнат да ги елиминирате ваквите карактеристики.

Разгалените деца секогаш го добиваат она што го сакаат. Доколку го прават она што вие не им дозволуваме да го направат, тие ќе знаат дека така е правилно.

Кога родителите ќе ги разгалат своите деца, најчесто тоа е со добра намера, но сосема е погрешно. 

Тие се трудат да им купат сè што сакаат, давајќи им го сето она што тие го немале кога растеле.

Родителите мислат дека доколку не им дозволат да го купат она што ќе го побараат, детето ќе ги мрази.

Меѓутоа, психолозите сметаат дека доколку не им поставите ограничувања, детето ќе се однесува како што сака.

Пет знаци дека децата се недисциплинирани

Не знаат да прифатат „не“

Сите деца можат да го изразат своето разочарување кога ќе им кажете, на пример, дека не можат да јадат пица секој ден. 

Меѓутоа, разгалените деца во тие ситуации не бараат одговор, ниту појаснување.

http://kajgana.com/

Не се задоволни со она што го имаат

Разгалeните деца можат да ги имаат сите играчки и сета облека на светот, но тоа никогаш нема да им биде доволно. Наместо да изразат благодарност за тоа што го имаат, тие се фокусирани да бараат уште повеќе.

Мислат дека светот се врти околу нив

Разгалените деца имаат тенденција да бидат во центарот на вниманието. Тие мислат повеќе на себе отколку на другите. Чувствуваат дека се најважни на светот и очекуваат посебни услуги од родителите или другите луѓе кои ги опкружуваат.

Нетрпеливи се

Разгалените деца се нетрпеливи. Кога сакаат нешто, го сакаат тоа веднаш и сега. На родителите им е полесно да им го дадат тоа, отколку да му кажат дека не треба да прават така.

Не се откажуваат додека не го добијат она што го сакаат

Разгалените деца можат да применат манипулативни начини за да го добијат она што го сакаат. Го лажат едниот родител, а потоа трчаат кај другиот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here