Пет знаци дека пиете премногу вода

0
19


Во лето е лесно да дехидрирате, но исто така и да претерате со количината вода што ја внесувате во организмот. Тоа може сериозно да влијае на здравствената состојба.

Ако не сте сигурни дали внесувате премногу или премалку вода, овие 5 основни знаци ќе ви укажат ако сте претерале со водата.

1. Пиете и кога не сте жедни

Најдобриот начин да проверите дали ви е потребно дополнително вода е да сфатите дали сте навистина жедни. Ако никогаш не излегувате од дома без шише вода, кое постојано го полните, тоа можеби е знак дека внесувате премногу течности, смета докторката Тамара Хју-Батлер од Државниот универзитет Вејн во Детроит. Таа вели дека телото ќе ни испрати сигнали кога сме жедни и кога ни е потребно уште течност.

2. Мачинини, главоболка и повраќање

„Симптомите на претерана хидратација се слични како кај дехидратацијата“, вели Хју-Батлер. Кога пиете премногу вода бубрезите не можат да се ослободат од вишокот течност, па водата се собира во телото, а тогаш се јавуваат непријатни симптоми како мачнина, дијареја, повраќање и силни главоболки.

Бубрезите исто така не работат кога се јавува умор и исцрпеност на организмот.

3. Дезориентација

Знак на прекумерна хидратација со вода може да биде и чувство на збунетост или дезориентација, што е поврзано со пад на нивото на електролити и натриум во телото.

4. Бојата на урина

Можеби веќе сте запознаени со фактот дека темно обоената урина може да биде знак на дехидрација, но тоа не значи дека би требало да имате целосно проѕирна урина. Бледожолтата урина укажува на здраво ниво на хидратација. Од друга страна, безбојната урина може да значи дека би требало да намалите со водата бидејќи сте претерано хидрирани.

5. Отекување на стапалата, рацете и усните

Уште еден знак дека имате електролитен дисбаланс е отекување на стапалата, рацете и усните. Пиењето премногу вода може да доведе до ниско ниво на натриум во крвта што може да предизвика клетките на телото да задржат течности. Во некои случаи клетките во ткивото на лицето или екстремитетите можат да изгледаат отечено поради претераната хидратација.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here