Петте најлоши пози во сексот

0
10


Некои пози во текот на интимниот однос не се секогаш најдобриот избор за жените бидејќи или е намалена можноста за доживување оргазам или постои чувство на неудобност.

Обидете се тие пози малку да ги измените или да ги замените со некоја друга.

1. Доги стајл

При оваа поза жената доживува длабока пенетрација која може да биде многу болна. Покрај тоа, може да се појави и недостаток на влажност со што се надразнува болката. Оваа поза не овозможува контакт со очите, па жените не сакаат често да ја практикуваат.

Ако веќе сакате да ја практикувате партнерот нека користи плитки и кратки потези со пенисот, не длабоки и брзи. Не заборавајте ја стимулацијата на клиторисот, која е секогаш добредојдена.

2. Каубојка

Жените често се чувствуваат изложено со оваа поза, па се загрижени како изгледаат со што потешко се опуштаат во сексуалниот однос. Едноставно, некои жени се чувствуваат непријатно.

Ако навистина не ви одговара оваа поза и не се чувствувате привлечно, обидете се со нешто друго.

3. Обратна каубојка

Не секоја жена доживува оргазам при оваа поза. Иако е интересна и авантуристичка, не секогаш е пријатна, а за партнерот може да биде и опасна.

Наместо тоа, обидете се со доги стајл позата, која секогаш може да биде и со плитка пенетрација.

4. Мисионерска

Во оваа поза мажот не може да ве задоволи до крај. Нему во целост му одговара позата бидејќи може да го контролира ритамот, но вие потешко ќе уживате.

Обидете се да ги кренете колената и да ги приближите до рамената така што партнерот полесно ќе пенетрира, а вие истовремено подобро ќе го чувствувате.

5. Поза 69

Многу работи зависат за доживување оргазам при оваа поза. Оргазмот зависи и од вашата психичка опуштеност, па тешко е целосно да се предадете, ако мора да размислувате за тоа како да го задоволите партнерот.

Обидете се да се менувате со задоволувањето и набљудувајте го партнерот додека се труди да ве доведе до оргазам.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here