Пендаровски-Пахор: Конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите во ЕУ и НАТО

0
138


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Нови Сад се сретна со неговиот словенечки колега Борут Пахор, во рамките на 4. Регионален младински форум.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на средбата беше оценето дека двете земји имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателство и меѓусебно разбирање, а беа разменети и мислења за можностите за понатамошно унапредување и збогатување на соработката во повеќе области од взаемен интерес.

– За Северна Македонија не постои друга алтернатива, освен европската интеграција, посочи претседателот Пендаровски.

Тој се заблагодари за отворената и конструктивна поддршка од Словенија за аспирациите на нашата земја за членство во ЕУ и во НАТО, што беше потврдена со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, како и постојаната поддршка во рамките на Европската Унија, се наведува во соопштението.

Пахор на средбата ги повтори заложбите на Словенија за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Во таа насока, Пендаровски додаде дека интеграцијата на Северна Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан во европските структури ќе биде огромен придонес кон трајна стабилизација на регионот, како и просперитетот на нашите општества, се наведува во соопштението од претседателскиот Кабинет.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here