Пендаровски од Тирана предложи регионален самит за потврда на европскиот пат

0
94


Тирана, 26 октомври 2019 (МИА) – Претседателот на Рeпублика Северна Македонија, Стево Пендаровски ја почна првата официјална посета на Република Албанија. Тој беше пречекан со највисоки државни и воени почести од албанскиот претседател Илир Мета, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Северна Македонија, Албанија и другите земји од регионот треба да продолжат по европскиот пат затоа што друга алтернатива нема, порача претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Тирана.

Пендаровски предлага земјите од Западен Балкан да одржат вонреден самит на кој ќе се зборува за проширувањето на ЕУ и за добрососедските односи и на кој би се отфрлиле сите алтернативи на евроинтеграцијата. Доколку има согласност за тоа, домаќин на самитот би била Северна Македонија.

Пендаровски рече дека го информирал Мета за лидерската средба во Скопје и за државниот консензус да се продолжи по европскиот пат и да се организираат предвремени парламентрани избори.

Двајцата претседатели се согласиле да ги охрабруваат сите политички фактори да продолжат со европската агенда, а лидерите на ЕУ дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилноста и просперитетот.

Односите меѓу Скопје и Тирана, шефот на македонската држава ги оцени како одлични, а соработката интензивна и плодна. Пендаровски и Мета оценија дека треба да продолжи добрата политичка соработка, но оти фокусот во иднина треба да се стави на економијата.

Предвидено е Пендаровски да се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи.

Исто така, претседателот Пендаровски ќе има средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај и со пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here