Пелоси: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воените акции на Трамп

0
108


Претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси најави дека Претставничкиот дом оваа недела ќе предложи и гласа за резолуција за воените овластувања за да се ограничат воените акции на претседателот Доналд Трамп кон Иран.

– Оваа резолуција е слична на онаа што ја предложи сенаторот Тим Каин во Сенатот, рече таа.

– Со неа повторно се воспоставува одамна воведената надзорна одговорност на Конгресот за давање овластувања дека – ако не се преземат дополнителни активности од страна на Конгресот – воените непријателства на администрацијата против Иран престануваат во рок од 30 дена, рече таа.

http://kajgana.com/

Резолуцијата најверојатно ќе биде одобрена од Долниот дом каде мнозинство се демократите, но изгледите за нејзино одобрување се помалку сигурни во Сенатот каде мнозинство се републиканците, од кои многумина ги поддржуваат неговите активности кон Иран.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here