Пелистер изненаден од форинци, Осогово конечно победи

0
101


Битолски Пелистер доживеа непријатен пораз на гостувањето кај дебитантот Вардари, изненадена беше и Беласица во Пехчево, прв гол на Ацо Стојков за Осогово, а Тиквеш разочара дома против Кожуф.

Денеска се одигра 10-тото коло в двете второлигашки групи. Фаворитот број еден за враѓање меѓу прволигашите, Пелистер од Битола, претрпе изненадувачки пораз кај Вардари од село Форино, гостиварско. Сепак, и покрај поразот битолчани останаа први на Западот.

Кожуф го изненади Тиквеш совладувајќи го среде Кавадраци и го презема врвот искористувајќи го киксот на Беласица која загуби кај Кит-Го.

За одбележување е и првиот гол на поранбешниот репрезентативец Ацо Стојков во дресот на Осогово. По серијата порази кочанчани ја забележаа втората победа сезонава славејќи во Крушево.

Запад:

Стадион „Дрита“ во Боговиње
Дрита – Гостивар 0:1
Стрелци: 38′ Шериф Реџепи
Црвен картон: 83′ Флорент Османи (Д), 84′ Шериф Реџепи (Г)
Судија: Ристо Ѓорѓиев (Штип)

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје – Кораби 1:0
Стрелци: 30′ Филип Петковски
Судија: Васко Мавров (Струмица)

Стадион „Градски“ во Гостивар
Вардари – Пелистер 3:2
Стрелци: 23′ Ариан Ејупи, 40′, 66′ Екрем Мемеди – 20′ Антонио Бујчевски, 63′ Сашо Шопоски
Судија: Никола Костенчев (Скопје)

„Влазрими“ Арена во Кичево
Влазрими 77 – Охрид 3:1
Стрелци:47′ Илир Мемети, 49′ Мурат Адили, 75′ (п) Мргим Дани – 88′ Димитар Кочески
Судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Лабуништа – Кадино 6:2
Стрелци: 15′ Сунај Хасан, 33′ Самед Кадриоски, 37′ Арион Зиба, 44′, 88′ Климе Далчески, 81′ Миџен Шерифи – 10′ Марио Благојевски, 85′ (п) Дарио Десниќ
Судија: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)

Табела: Пелистер 20, Лабуништа 18, Влазрими 77 17, Скопје 16, Дрита 15, Гостивар 15, Вардари 14, Кораби 11, Кадино 8, Охрид 7.

Исток:

Стадион „Езеро“ во Крушево
Питу Гули – Осогово 1:3
Стрелци: 6′ Ѓорѓи Стрезовски – 38′ Ацо Стојков, 56′ Тоше Манов, 86′ Драган Паунов
Судија: Фатмир Бафто (Охрид)

Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Саса – Победа 2:0
Стрелци: 60′, 78′ Ненад Нешовски
Судија: Христијан Божиновски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш – Кожуф 0:1
Стрелци: 24′ Ники Зумровски
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Градски“ во Пехчево
Кит-Го – Беласица 2:0
Стрелци: 9′, 68′ Дарко Алексовски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Во 18 часот играат:

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Плачковица
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Табела: Кожуф 23, Беласица 22, Тиквеш 20, Брегалница 18, Кит-Го 18, Саса 13, Плачковица 10, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here