Пашињан: Путин имаше исклучителна улога во запирање на крвопролевањето

0
11


Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одиграл исклучителна улога во запирање на крвопролевањето во Нагорно-Карабах.

– Сакам да ја нагласам исклучителнта улога на Путин. За време насите 44-те денови конфронтација, бевме во постојан контакт и разговаравме за неопходните мерки за запирање на крвопролевањето и заштита на човековите животи, истакна Пашинјан на Самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност.

Тој најави дека ќе ја продолжи блиската соработка со Путин за решавање на прашањата како што се потрага по исчезнатите, размена на воените заробеници и размена на посмртните останки на загинатите.

Судирите во Нагорно-Карабах избија на 9 септември, а лидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот, според која азербејџанските и ерменските сили останаа на заземените позиции, а во регионот се распоредени руски мировни сили.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here