Патуваа низ територии на ИСИС за да докажат дека луѓето не се лоши, а ги убија терористи

0
95
loading...

[ad_1]

Лорен Геогеган и Џеј Остин, млад пар од САД, беа убиени во Таџикистан додека патуваа со велосипеди низ светот. Одговорноста за нападот во кој загинаа ја презеде ИСИС.

Дадоа откази и тргнаа околу светот

loading...

Лорен и Џеј, двајцата 29-годишни, лани дадоа откази од нивните работни места во Вашингтон и тргнаа на патување околу светот. Тој работел во државното Одделение за станбени прашања и урнбанистички развој, а таа во службата на Универзитетот Џорџтаун.

Заклучиле дека животот им поминува попусто во работа и тргнале на патување за кое известуваа на нивниот блог и на социјалните мрежи. Главно патуваа низ територии заземени од терористички групи како ИСИС, за да докажат дека луѓето не се лоши по природа.

„Медиумите сакаат да поверувате дека светот е едно големо, страшно место. Се вели дека на луѓето не може да им се верува, дека луѓето се зли, но јас не верувам во тоа. Злото е концепт што сме го измислиле за да се носиме со различностите на другите луѓе кои имаат поразлични вредности и убедувања од нашите… Луѓето генерално се добри. Понекогаш се корстољубиви, понекогаш кратковиди, но сепак добри“, напиша Џеј кој заедно со девојка му настојуваа да шират позитивни мисли и ставови за светот во кој живееја.

Таџикистан беше нивната последна дестинација

Нивното патување за жал заврши на 29 јули кога во Таџикистан нивната група била запрена од автомобил од кој излегле петмина напаѓачи и ги убиле. Со нив патувале уште двајца велосипедисти, од Холандија и од Швајцарија.

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот.

[ad_2]

Source link

loading...