Парламентот на Хонгконг официјално го повлече предлог-законот за екстрадиција

0
106


Хонгконг, 23 октомври 2019 (МИА) – Парламентот на Хонгконг денеска формално го повлече спорниот предлог закон со кој се овозможуваше екстрадиција во Кина, но тоа најверојатно нема да ги прекине повеќемесечните протести, бидејќи со тоа е исполнето само едно од барањата на демонстрантите.

Учесниците во протестите наведуваат дека имаат „пет барања, не еден помалку“, што значи дека одлуката на Парламентот не значи ништо.

Лидерката Кери Лам повеќе пати изјави дека предлог-законот всушност е „мртов“, додека другите барања, вклучително и универзалното право на глас и амнестија за обвинетите за нередите не се во нејзина ингеренција.

Демонстрантите бараа и Лам да се повлече од власт и да се спроведе независна истрага за полициското насилство врз учесниците во протестите.

Во протестите во Хонгконг, кои почнаа во јуни, уапсени се над 2.300 луѓе, двајца се застрелани од огнено оружје, а илјадници се повредени. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here