Пандев несопирлив на 37 години: Со гол ја почна сезоната во Серија А

0
6


Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев постигна гол во денешната победа на неговиот клуб Џенова против Кротоне со 4:1.

Ова беше дуел од 1. коло во новото првенство на италијанската Серија А.

Пандев погоди во 9. минута по одличен контранапад, што наиде на многу позитивни коментари на социјалните мрежи, од кои повеќето се со зачудување за формата на Македонецот на 37 години.

Пандев во 44-та доби жолт картон, а играта ја напушти во 68. минута.

Џенова која минатата сезона едвај избори опстанок, според денешното издание, ја очекуваат подобри резултати оваа сезона.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here