Пандев и Спировски со гол и победа ја почнаа 2020

0
133


Двајцата наши фудбалери постигнаа победнички голови за нивните тимови синоќа и со стил ја започнаа новата година.

Под водство на новиот тренер Давиде Никола нашиот Горан Пандев се најде во стартните единаесет на Џеноа која дома играше против Сасуоло. Во тежок натпревар популарните „Грифони“ после дури 8 натпревари се израдуваа на победа.

Најзаслужен за тоа беше нашиот Горан Пандев кој одигра цел натпревар и во 86-тата минута го постигна победничкиот гол за конечни 2:1. Ова е негов четврти гол сезонава во Серија А со што дојде до бројката од 89 голови.

Навивачите на клубот на социјалните мрежи коментираат дека 36-годишниот ветеран сезонава е најдобар играч на Џеноа и е модел кој сите останатите треба да го пратат.

Успешен старт имаше и Стефан Спировски одигра цел натпревар за Хапоел Тел Авив кој го пречека тимот на Хапоел Бе’ер Шева. Токму нашиот репрезентативец беше творецот на победата постигнувајчи го единствениот гол на натпреварот во 34-тата минута.

За Спировски ова е прв гол во израелското првенство, а претходно погоди еднаш и во Купот на Израел.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here