Пандев го реши Каљари, Лече го шлагираше Наполи

0
89


Горан Пандев му донесе победа и нови три бода на својот тим, додека екипата на Наполи доживеа непријатен пораз дома од Лече.

Пандев почна од клупата на натпреварот помеѓу неговата Џеноа и гостите од Каљари. Во 39. минута Горан влезе во игра на местото на повредениот Паоло Гиљоне и само 4 минути подоцна го постигна голот кој на крајот се покажа како решавачки. Од надвор од шестнаесетникот сакаше да пронајде негов соиграч, но топката не ја зафати никој и таа заврши во гостинската мрежа.

Ова е шести гол на Пандев сезонава во Серија А или вкупно 91 во кариерата. Сега му недостасуваат уште 9 за да влезе во Клубот 100.

Елиф Елмас поради суспензија од акумулирани жолти картони не беше во составот на Наполи кој го пречека Лече. Гостите приредија големо изненадување победувајќи со 2:3 на „Сан Паоло“ со двата гола на Џанлука Лападула и третиот од слободен удар на Марко Манкозу. За домашните погодија Аркадиуш Милик и Хосе Каљехон во 90. минута.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here