Очајнички потег на Ферари: Од пензија го враќа човекот заслужен за успесите на Шумахер

0
22


Ферари соопшти дека направено е реструктурирање на позициите во тимот, што беше очекувано по катастрофалниот старт во сезоната.

Но, она што беше изненадување, па дури и шок, е очајничкиот потег на Ферари – од пензија го враќаат Рори Бирн.

Бирн има 76 години и беше најзаслужен за сите успеси на великанот Михаел Шумахер.

Тој ги дизајнираше сите болиди на Бенетон, а потоа и на Ферари, во кои Шумахер освои седум титули.

Шефот на италијанската Ф1 екипа Матија Биното го убедил да се врати од пензија.

Шефот на одделот за аеродинамика Енрико Кардиле стана шеф на новоформираниот оддел за развој, а покрај Биното и Кардиле, главни луѓе во Ферари ќе бидат шефот за развој на погонски едиици Енрико Гвалтиери, спортскиот директор Лорен Мекис и инженерот Симоне Реста.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here