Официјално: Русија и Турција ќе договараат нови S-400

0
127


Русија и Турција најверојатно ќе потпишат договор пред 2020 година за доставување дополнителни системи за противвоздушна одбрана S-400 Triumf, изјави директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев.

„Ние работиме системски на ова прашање. Најважно е што двете страни имаат желба за соработка во таа област“, изјави Шугаев за руските медиуми.

Претходно, можноста Анкара да купи нови противвоздушни системи ја потврди рускиот вицепремиер Јури Борисов и директорот на „Рособоронекспорт“, Александар Михеев.

Турција досега купи четири системи S-400. „Рособоронекспорт“ на 23 октомври објави дека Русија ги исполнила условите од договорот пред предвиденото време, доставувајќи ги сите елементи од S-400 системот, вклучувајќи ги и ракетите.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here