Официјално: Реал има ново засилување, но навивачите не се баш воодушевени

0
186
loading...

Реал Мадрид ова лето не блескаше кога станува збор за доведувањето нови играчи, а навивачите не се воодушевени откако „Кралскиот клуб“ вечерва објави дека има нов фудбалер.

Имено, веќе со денови се шпекулираше дека Реал во своите редови би можел да го доведе Маријано Дијаз кој некогаш играше за резервниот тим на „Кралевите“, а запиша и осум настапи за првиот тим и постигна еден гол. Иако овој напаѓач беше на чекор од Севиља на крајот се вмеша и Реал Мадрид и Маријано не можеше да ја одбие понудата од „својот“ клуб.

„Кралскиот клуб на својата официјална страна пред неколку минути потврди дека Маријано потпишал за Реал Мадрид, како и дека во петок ќе биде официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на новиот клуб.

Овој 25-годишен фудбалер во минатата сезона го привлече вниманието на себе со одличните игри во Лион, а за овој клуб постигна 18 гола. Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал Мадрид за шпанскиот играч издвои околу 40 милиони евра.

loading...

loading...