Официјално: Ибра ќе игра на вечерашното дерби на Милано

0
109


Златан Ибрахимовиќ е опоравен и е во составот на Милан за вечерашната дерби пресметка со ривалот Интер.

Добри вест за навивачите на Милан. Искусниот голгетер и најголем адут на „Росонерите“, Златан Ибрахимовиќ, е во тимот на Стефано Пиоли за вечерашното дерби. Швеѓанецот се најде помеѓу 23 повикани играчи откако издржа целосен тренинг.

Втора добра вест е тоа што во составот е и данскиот дефанзивец Симон Кјер кој треба да го заземе местото на Матео Музакио.

Повикани играчи за Милан:
Голмани: Асмир Беговиќ, Антонио Донарума, Џиџи Донарума.
Одбрана: Давиде Калабрија, Андреа Конти, Матео Габија, Тео Ернандес, Симон Кјер, Диего Лаксалт, Матео Музакио, Алесандро Ромањоли.
Средина: Исмаел Беннасер, Лукас Биглија, Џакомо Бонавентура, Марко Брешанини, Хакан Чалханолу, Франк Кеси, Лукас Пакета, Алексис Салемакерс.
Напад: Саму Кастиљехо, Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леау, Анте Ребиќ.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here