Откажан Саемот за автомобили во Женева за 2021 година

0
1


Организаторите донесоа одлука да го откажат Саемот за автомобили во Женева за 2021 година, откако повеќе учесници соопштија дека нема да присуствуваат на настанот.

Собирот е една од најголемите изложби на возила во светот и е меѓу најомилените, пред сè кај производителите кои ги претстават ​​своите брзи, најпрестижни и футуристички модели.

Претходно во март Владата на Швајцарија го откажа саемот во последен миг, како резултат на пандемијата на коронавирус.

Според организаторите, откажувањето на овој настан ќе ги чини загуба од околу 11 милиони швајцарски франци (околу 10,2 милиони евра). 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here