Освежителен десерт што освојува со комбинацијата на вкусови

0
9


Овој десерт се подготвува брзо и лесно, без печење.

Потребни состојки:

  • 100 грама бисквити
  • 1,2 литри млеко
  • 120 грама пудинг од ванила
  • 125 грама шеќер
  • 250 грама путер
  • 80 грама пудинг од јагода
  • 100 мл вода
  • 600 грама шумско овошје
  • 125 гр шеќер во прав
  • 350 мл вода
  • 200 грама чоколадо
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

Прво потопете ги бисквитите во млако млеко и потоа наредете ги на плех. Оставете ги во фрижидер да се изладат. Во тенџере ставете ги шумското овошје и 200 мл вода и оставете го да се загрее додека не зоврие. Во меѓувреме, измешајте го пудингот од јагоди со остатокот од водата. Гответе го шумското овошје додека не се растопи, а потоа додајте го пудингот и мешајте додека не се згусне. Бидете брзи и внимателни затоа што филот може да прсне.


Истурете го топлиот фил врз бисквитите и оставете да се излади 30 минути. Во тенџере турете 800 мл млеко и шеќер и варете додека не зоврие. Во меѓувреме изматете го пудингот со остатокот од млекото. Кога млекото ќе зоврие, додајте го пудингот од ванила и мешајте додека не се згусне. Оставете да се олади додека да постигне собна температура, изматете го маргаринот со миксер да омекне, а потоа постепено додајте го пудингот од ванила и изматете го додека да стане пенест. Кога филот со шумско овошје ќе се олади и ќе се зацврсти, додајте го филот со пудинг од ванила.

Оставете целосно да се зацврсти и потоа прелијте ги со чоколадото и маслото што ќе ги загреете на пареа. Послужете ја тортата ладна.

Погледнете го овој рецепт за палачинки со банана, грчки јогурт и шумско овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here