Осамен мултимилионер бара 10 луѓе со кои би живеел на ранч во Нов Зеланд

0
109


Германски богаташ кој се збогати од продажба на кафе бара десет луѓе кои ќе живеат со него на неговиот имот во Нов Зеланд. Тој го опишува местото како Рај на Земјата, пренесува Independent.

Мултимилионерот Карл Хајнц Рајпен се збогати од продажба на конзервирано ледено кафе, а во последните седум дена два пати објави оглас во локалните весници во кои бара луѓе со кои би живеел.

На неговиот имот во Нов Зеланд, вреден 8,5 милиони долари, има штала, затворена арена, винарија, а имотот е сместен на западниот брег.

„Би можеле да живеете во куќите по двајца и да ја делите прекрасната винарија за состаноци и ручек. Може да уживате во прошетка, риболов, шопинг, возење кајак, набљудување на птици, пливање или гледање во убави животни“, наведува богаташот.

http://kajgana.com/

Неговиот повик е до сите луѓе до 70 години да се пријават, додавајќи дека се добредојдени и оние кои имаат сопствени коњи.

„Доколку сте заинтересирани да живеете живот во група со интересни луѓе тоа за вас може да биде нешто сосема ново“, додава во огласот.

Имотот се наоѓа на 90 минути возење од градовите Њу Плимут и Хамилтон.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here