Озил потпиша за Фенербахче, ќе заработува 5 пати помалку

0
13


За да го комплетира трансферот во турскиот клуб, Месут Озил се согласи на драстично намалување на неговата плата.

Поранешниот германски репрезентативец конечно стави крај на голготата во Арсенал и се префрли во Фенербахче. Но, ваквиот расплет му донесе и драстично намален приход.

Ако кај „Топчиите“ Озил заработуваше 16 милиони евра годишно, сега во Мала Азија ќе заработува дури 5 пати помалку, односно „само“ 3 милиони евра.

Озил синоќа стави потпис на тригодишен договор со Фенербахче откако летоска му беше кажано дека Микел Артета не смета на него и може да си бара нов клуб. И покрај тоа тој остана во Лондон, но оваа сезона не настапи ниту минута. Претходно одигра 7 сезони во Арсенал, но често беше критикуван во последно време поради слабите игри.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here