Од Роналдо преку Матераци па сѐ до Пеле, легендарните голови со глава

0
125


Вчерашниот небесен погодок на Кристијано Роналдо нѐ натера да се потсетиме да други такви слични голови. Португалецот не е единствен, имало и други мајстори на скок играта со глава низ историјата на фудбалот.

Пеле (Бразил)

Пеле доминираше во еден фудбал многу помалку атлетски од денешниот, но ударот со глава беше една од неговите најсилни страни. Токму голот за 1:0 против Италија во финалето од Мундијалот во Мексико во 1970 година остана во аналите.

Марк Хатели (Милан)

Англискиот центарфор Хатели го надскока Фулвио Коловати и со глава го совлада Валтер Ѕенга. Беше 28 октомври 1984 и гол за победа од 2:1 на големото дерби против Интер, прва за Милан по пауза од дури 6 години.

Франсоа Омам-Бијик (Камерун)

Натпревар од отворањето на Мундијалот во Италија 1990, играат бранителот Аргентина и аутсајдерот Камерун. Во 67-мата минута Омам-Бијик се вивна во височините и го постигна единствениот гол на натпреварот за едно од најголемите изненадувања на мундијалите.

Марко ван Бастен (Милан)

Една од најславните ноќи во историјата на Милан: „Росонерите“ ја совладаа Стеауа во финалето од Купот на шампионите во 1989 година со 4:0, а голот со глава на Холанѓанецот беше за 2:0.

Марко Матераци (Италија)

Берлин, 2006 година, финале на Мунијалот во Германија. Матераци прави пенал и Франција поведува со 1:0, но потоа по еден корнер на Андреа Пирло токму Матераци скока толку високо што Патрик Виера не може да му парира и ја забива топката зад грбот на Фабијан Бартез израмнувајќи на 1:1.

Марсел Десаи (Милан)

Полуфинале на Лигата на шампионите, сезона 1993/94: „Росонерите“ го преслушуваaт Монако со 3:0 на „Сан Сиро“. Резултатот го отвори Десаи кој по корнер летна во облаци за да погоди со глава.

Вирхил ван Дајк (Ливерпул)

Пред неполни три недели одбраната на Брајтон немаше никакви шанси со небесниот скок на холанскиот дефанзивец.

Кристијано Роналдо (Јувентус)

Веќе се навикнавме да го гледаме Роналдо како прави огромни скокови и постигнува голови. Погоди во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед и Рома, против Велс во полуфиналето од ЕУРО 2016, а синоќа на „Мараси“ кутриот Никола Муру од Сампдорија немаше шанси да го натскока.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here