Од Македонија забрзано бегаат и оние со државна работа: Познато колку доктори, полицајци и војници дале откази

0
251
loading...

Доктори, полицајци и војници си дале најголем број доброволни оставки во јавните служби на Македонија.

За егзодусот на униформи зборуваат податоците од Министерство за информатичко општество и администрација, според кои во текот на 2018 година од страна на државните институции:524 вработени си дале отказ, а на почетокот од 2019-та таа бројка изнесува162 вработени во јавниот сектор, објави Алсат.

Министерот за администрација, Дамјан Манчевски, вели дека причината поради која квалификуваните вработени го напуштаат јавниот сектор, покрај најдобрите понуди во приватниот сектор во земјата, исто така е и заминувањето во странство.

Тој вели дека заедно со Министерството за финансии и ресорот за труд и социјална заштита се обидуваат да го задржат дефицитарниот персонал.

loading...

„Тоа е првенствено за технички области, инженери и архитекти; медицинскиот персонал, особено лекарите и медицинските сестри, се откажувааат од јавниот сектор бидејќи ја напуштаат државата “, вели Манчевски.

loading...