Од корона вирусот во Кина веќе починале 722 лица

0
116


Од новиот корона вирус во Кина веќе има 722 починати, а заразените веќе ја надминаа бројката од 32.000 лица, го пренесоа британските медиуми соопштението на кинеските здравствени служби, кои секојдневно лиферуваат официјални информации за развојот на епидемијата во земјата.

Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на корона вирусот, таканаречениот САРС, кој во 2003 година ја предизвика смртта на 774 лица.

Од новиот корона вирус, според последните податоци, заразени се 32 илјади лица.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here