Одлична идеја: Правење добри дела наместо пишување домашни задачи

0
117


Иако беа објавени контроверзни, но убедливи докази дека пишувањето домашна работа им го одзема на децата и нивните семејства времето што би можеле да го поминат заедно, без да има видно позитивно влијание за учениците, децата сепак поминуваат часови во завршување на домашни задачи што им се зададени речиси по сите предмети.

Исто така, иако има докази дека правењето добро дело, макар и најмало, е заразно како позитивен вирус во заедницата, премалку деца се извршители или приматели на добро дело, додека секојдневно се сведоци на врсничко малтретирање.

Токму затоа управата на едно основно училиште во Ирска донесе одлука еден месец учениците да не пишуваат домашни задачи туку во текот на декември да направат некакви добри дела.

Непосредно пред почетокот на празничната сезона, учениците во Gaelscoil Mhíchíl Uí Choileáin секој ден во неделата добиваат насоки за да направат некакво добро дело.

http://kajgana.com/

Во понеделници треба да остварат комунукација со постари лица и да поминат време со нив. Вторниците се резервирани за помош на член на семејството, а средите за добри дела од секаков вид. Во четврток прават нешто добро за себе, односно активност за подобрување на нивното ментално здравје и благосостојба.

Учениците треба да водат Дневник на добрина во кој ќе ги запишуваат нивните добри дела. Училиштето исто така воведе и Кофа со добрина во која учениците може да оставаат пораки во кои ќе напишат какво добро дело виделе и да ги пофалат соучениците за да им ја зголемат самодовербата. Во петок наутро се чита избор од овие пораки на школскиот разглас.

http://kajgana.com/

Исто така, секое одделение ќе соработува заедно во правењето на колективно добро дело во заедницата, за кое ќе одлучат заеднички.

„Ги охрабруваме учениците да размислуваат во вистински празничен дух, во насока на добрина и дарување. Со оглед на тоа дека божикните празници станаа материјалистички и комерцијални, почна да се заборава она најважното – добрата волја!“, велат од училиштето.

Ние мислиме дека ова е прекрасна идеја што треба да се спроведе и кај нас. Што мислите вие?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here