Одегард: Можеме да го победиме Реал среде Мадрид

0
82


Норвежанецот од Сосиедад е оптимист дека неговиот клуб ќе го елиминира големиот Реал Мадрид од шпанскиот куп и ќе се пласира во полуфиналето.

Денеска од 19 часот на „Сантјаго Бернабеу“ во четвртфиналето од Копа дел Реј ќе се сретнат Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Гостите од Баскија се прежалени од сите, им се предвидува елиминација, но така не мисли Мартин Одегард.

„Сите натпревари се важни, но вистина е дека денес сме малку повозбудени. Ова е четвртфинале од купот, нешто посебно, влегуваме со многу надеж и сакаме да се пласираме во полуфиналето. Наш сон е да направиме нешто големо во купот“, рече тој за Marca.

Младиот репрезентативец на Норвешка игра за клубот од Сосиедад како позајмен токму од Реал Мадрид. Уште на почетокот од 2015 кога имаше само 16 години дојде во Реал од Стремгодсет како голема надеж.

Кон крајот на ноември во рамките на Примера двата тима играа на истиот стадион, а победи Реал со 3:1 иако Сосиедад водеше уште од втората минута.

https://kajgana.com/

„Во лигата одигравме доста добро, особено во првите 40 минути сѐ додека тие не го постигнаа голот. Овој пат треба на истото ниво да го одиграме целиот натпревар. Доколку го направиме тоа, верувам дека ќе победиме“, вели 21-годишниот играч од средниот ред кој може да делува и како крило.

Минатата сезона Баскијците со 2:0 славеа среде „Бернабеу“ во Примера.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here