Одговорите на овие 6 прашања ќе ви откријат дали имате висока емоционална интелигенција

0
89


Светскиот економски форум (World Economic Forum) неодамна открил дека токму емоционалната интелигенција е една од најпосакуваните карактеристики за личен и професионален развој. Големите светски компании сè почесто обрнуваат внимание на неа при најмувањето нови луѓе, со цел да ѝ помогнат на својата компанија да напредува, притоа одржувајќи високи стандарди на меѓучовечките односи на работното место.

Бројни студии потврдиле дека токму најдобрите вработени се оние што поседуваат високо ниво на емоционална интелигенција, бидејќи се подобри кога станува збор за тимска работа и комуникација со другите, посклони се на иновации, но и отворени се за идеите на другите. Овие вработени подобро се прилагодуваат, полесно се носат со промените и брзо се справуваат со предизвикувачките ситуации.


Луѓето со висока емоционална интелигенција се способни да се контролираат себеси, и знаат како да останат смирени и позитивни за време на тешките ситуации, и тоа не само во професионалниот живот туку и во приватниот. Овие исклучителни поединци ги краси природен оптимизам, способност за самомотивирање и согледување на ситуацијата од различни агли. Тие се склони за преземање иницијатива и правилно делуваат во проблематичните ситуации.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за вашата емоционална интелигенција, тогаш обидете се да ги одговорите следниве прашања. Одговарајте само со ДА или НЕ и потоа побарајте го значењето на вашите одговори во продолжение.

1. Дали сте свесни за вашите емоции и зошто токму така се чувствувате?

2. Дали сте свесни за своите лични сили, како и за своите ограничувања и недостатоци?

3. Дали сте способни добро да управувате со лошите емоции и дали можете брзо да заздравите кога ќе ви се појават, како и кога сте вознемирени или под стрес?

4. Дали имате способност да разберете или да почувствувате што другите луѓе доживуваат според нивната референтна рамка?

5. Дали одбирате секој ден да живеете позитивно и гледате во чашата како да е секогаш половина полна?

6. Дали сте задоволни со себе, со личноста што навистина сте, без оглед дали некој влијае на вашето его?

На што повеќе прашања одговоривте со ДА, толку вашата емоционална интелигенција е повисока. Доколку на сите прашања одговоривте позитивно, тогаш ве краси исклучително висока емоционална интелигенција на која без сомнение треба да бидете горди.

„Ако немате доволна свесност за себе, ако не сте во состојба да управувате со своите негативни емоции, ако не можете да бидете емпатични и да имате добри односи, вие нема да напредувате многу, без разлика на тоа колку сте паметни“, заклучува Даниел Голман, експерт за емоционална интелигенција.

Дознајте и кои се 7-те квалитети кои ги поседуваат луѓето со висока емоционална интелигенција.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here