Одбран Ол-стар тимот на женскиот ракометен Мундијал

0
133


Само две ракометарки од златната Холандија се најдоа во идеалниот тим каде има по една ракометарка од Русија, Шпанија, Норвешка, Црна Гора и Шведска.

За најдобар играч на Мундијалот очекувано е избрана Холанѓанката Еставана Полман. Таа беше и доста ефективна постигнувајќи 58 голови од 107 удари или во просек со 54% реализација. Згора на тоа забележа и 43 асистенции.

http://kajgana.com/

Голман: Тес Вестер (Холандија)
Десно крило: Јованка Радичевиќ (Црна Гора)
Десен бек: Ана Вјахирева (Русија)
Централен бек: Еставана Полман (Холандија)
Лев бек: Александрина Кабрал (Шпанија)
Лево крило: Камила Херем (Норвешка)
Пикер: Лин Блом (Шведска)

http://kajgana.com/

Најдобар стрелец на турнирот е Лоис Абинх од Холандија која постигна 71 гол од 114 удари. Исто толку удари имаше Ју Ун-хи од Јужна Кореја, но таа заврши втора бидејќи постигна два погодока помалку. Трета е Словенката Тјаша Станко со 62 гола.

http://kajgana.com/

Според процентите на одбранети удари најдобар голман е Французинката Катрин Габриел со 42%, односно 34 одбрани од 81 удар.

http://kajgana.com/

Најдобар асистент е Русинката Ана Вјахирева со 62 асистенции, дури 11 повеќе од Црногорката Милена Раичевиќ.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here