Одбиено барањето за укинување на мерката на претпазливост на Јордан Камчев

0
129


– До судија на претходна постапка, кој постапува по предлог на Ј.К. од Скопје за укинување на мерки за претпазливост, од надлежниот јавен обвинител доставено е негативно мислење во однос на предлогот.  Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата на 05.12.2019 донесе решение со кое: Предлогот на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Против ова решение, како што е наведено во соопштенито, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here