Одбиено барањето за времени пасоши на Камчев и Панделески

0
132


Скопје, 20 ноември 2019 (МИА) – Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за давање согласнот за издавање на пасоши со ограничен рок на важење за Јордан Камчев и Цветан Панделески, кои се обвинети во случајот „Империја“.

– Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Од судот информираат дека за одлуката веќе се известени странките во постапката.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here