Ограбени две спортски обложувалници во Скопје

0
107


Во текот на вчерашната ноќ биле пријавени два случаи на вооружен грабеж на спортска обложувалница во Скопје.

Синоќа во 21.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Февруарски поход“ едно лице со закана со оружје ги одзело парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје две лица со закана со оружје од вработените одзеле пари од дневниот промет и од сефот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here