Овој зеленчук лесно можете да го одгледувате дури и во најмалиот простор

0
117


Доколку отсекогаш сте сакале да имате мала градина во својот дом, а мислите дека садењето може да биде прекомплицирано, треба да знаете дека постои зеленчук кој може да го одгледувате лесно дури и во мал простор.

1. Кромид

Исечете го кромидот кај коренот и остранете го вишокот кромид  за да ви остане само коренот. Ставете го во саксија или тегла и покријте го со земја. Кромидот извадете го откако зелените делови ќе пожолтат и ќе отпаднат.


2. Ѓумбир

Оставете го во топла вода цела вечер. Следното утро извадете го и издвојте ги деловите кои имаат израстоци. Исечете го и засадете го во земја така што израстоците се свртени нагоре. Додавајте му по малку вода и чувајте го на топло место, но не директно на сончева светлина.

3. Компир

Исечете го компирот на половина и на страната на која не сте ја сечеле забодете чепкалки за заби. Потоа ставете го во чаша, така што чепкалките ќе се држат за работ на чашата а долниот дел ќе ја допира водата. Водата менувајте ја на секои два дена и откако корените ќе достигнат должина од 10-13 сантиметри време е да ги пресадите во почва.

4. Зелена салата

Исечете го коренот на салатата и ставете го во чаша со вода. Листовите ќе почнат да се формираат за 5-7 дена и тогаш салатата преместете ја во земја. Тргнете ги листовите ги кога ќе бидат долги 15-20 центиметри.

5. Млад кромид

Исечете ги врвовите на младиот кромид и ставете ги во чаша со вода така што корените ќе бидат во водата. Водата менувајте ја на секои два дена и по 5-7 дена пресадете ги во земја.

Во продолжение, погледнете видео кое ќе ви помогне во садењето на овој зеленчук.

Во кујната, наместо да ги фрлите, може да ги искористите и овие остатоци од овошјето и зеленчукот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here