Овогодинешните „Оскари“ со најниска гледаност

0
107


Гледаноста на 92-то издание на „Оскарите“ падна за 20 отсто во однос на минатата година. Светските медиуми пишуваат дека тоа се должи на немањето водител. Годинава „Оскарите“ ги следеле 23,6 милиони луѓе.

Иако за првпат во историјата, странски филм ја освои наградата за најдобар филм, режисер, сценарио и странски филм, сепак тоа не ги привлече гледачите пред малите екрани.

Според познавачите, намалената гледаност се должи и на тоа што церемонијата се одржа порано од вообичаеното.

По вторпат во историјата „Оскарите“ немаа домаќин, а критичарите велат дека тоа беше уште еден хендикеп.

Во 2000-тите години гледаноста на „Оскарите“ беше меѓу 35 и 45 милиони гледачи.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here