Ова ќе биде најпопуларната фризура во 2020 година

0
130


Со години наназад, боб е најпопуларната фризура. Дали поради својата интересна форма, поради можноста за промена и едноставното стилизирање или поради тоа што речиси и да нема жена на која боб фризурата не ѝ одговара, експертите велат дека оваа фризура ќе биде најпопуларна и во 2020 година.

Оваа фризура им одговара на сите, а единствената разлика е варијантата на боб за која ќе се одлучите. Во зависност од формата на лицето и од квалитетот на вашата коса, изберете помеѓу рамно или степенесто стрижена коса, како и должина што најмногу ви одговара.


Ова ќе биде најпопуларната фризура во 2020 година

Најпопуларна фризура оваа година ќе биде „поб“ што е кратенка добиена од пони боб. Пони боб е популарна боб фризура, односно нејзина варијанта со шишки. Станува збор за фризура која ќе ве подмлади, но истовремено ќе му даде и гламур на вашиот изглед.

Ова ќе биде најпопуларната фризура во 2020 година

Ако сте имале кратка и рамна боб фризура, пони боб е совршен начин да го промените вашиот изглед. Прамените кои слободно паѓаат на челото ѝ даваат посебен шарм на оваа фризура, а со тоа косата визуелно ќе добие волумен.

Ако сакате да бидете во тренд, погледнете кои зимски парчиња облека се задолжителни за оваа сезона.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here